Апел од РСБСП поради високите температури

Не го потценувајте заморот и возете одморени

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите да бидат одморени поради високите температури во кои условите за возењето и патувањето стануваат се потешки и бараат многу повеќе внимание, концентрација и фокусираност. 

Високите летни температури влијаат на способноста на возачот, влијаат на техничката исправност на возилото, а секако влијаат и на условите на патот. Тие негативно влијаат на способноста за управување на моторно возило и придонесуваат за појава на замор, дефокусираност и пад на концентрацијата кај возачите, наведува РСБСП.

Апелира возачите да избегнуваат да патуваат во период од денот кога температурите се највисоки односно да патуваат во раните утрински или доцна попладне/приквечер.

„Внимавајте на температурата во возилотo односно внимавајте на температурните разлики и правете постепена адаптација и аклиматизација при влегување или излегување од возилото. Се препорачува разликата на температурата во возилото и надвор од возилото да не биде поголема од седум Целзиусови степени. Планирајте го вашето патување на време и патувајте наспиени и одморени. Избегнувајте да патувате во часовите предвидени за спиење. Ниту еден кофеински или енергетски производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат“, наведува РСБСП во апелот до возачите.

Ги советува и да консумираат повеќе течности (особено вода) и да прават минимум 15 минути пауза на секои два до три часа активно возење.

„Не ги преценувајте вашите возачки способности и не го потценувајте заморот. Веднаш штом ги почувствувате првите знаци на замор, запрете го возилото, и направете кратка пауза“, нагласува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Високите температури влијаат и на условите на патот и поради тоа РСБСП апелира да се намали брзината и да се држи безбедно растојание затоа што во услови на високи дневни температури поради намаленото триење на пневматиците и коловозната површина, сопирачкиот пат на возилото е подолг.

„Возењето во летни услови носи многу предизвици. Обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани за патување, да се приспособат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. За ваша безбедност, и за безбедноста на вашите најмили, бидете одговорни во сообраќајот. Вози одговорно – Вози одморен“, пишува во апелот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе