Од таму додаваат дека заеднички интерес на сите нас е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот.
„Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот“, велат од РСБСП и потсетуваат на непроценливата вредност на животот и на радоста што ја носи секој среќен момент поминат со најблиските.
Затоа ги упатува следните препораки за возење во текот на Новогодишните празници: не возете под дејство на алкохол, прилагодете ја брзината на условите на патот и почитувајте ги правилата за нејзиното ограничување, не го користете автомобилот доколку немате потреба, користете зимска опрема, возилото нека ви биде технички проверено и исправно, бидете постојано информирани за состојбата на патиштата, внимавајте на ниските температури и на појавите на снег и голомразица, не користете мобилен телефон додека возите, користете сигурносен појас, почитувајте ги правилата и сите учесници во сообраќајот.
РСБСП апелира возачите да бидат внимателни за време на новогодишните празници.
„Возете одговорно и безбедно. Новата 2022 година нека биде среќна и безбедна“, порачуваат од РСБСП.