Возете одговорно и патувајте безбедно

Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството за празниците, апелира РСБСП

„Новогодишните празници се време за одмор и уживање, за радост, споделена среќа и дружење со најблиските. Токму затоа тие се и период на поголема раздвиженост на луѓето, зголемен број на возила на патиштата и повеќе патувања. Прославете ги одговорно и возете внимателно и безбедно. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството и благодетот. Обрнете внимание на зголемената фрекфенција во сообраќајот, вклучете се во него совесно, возете одговорно и патувајте безбедно до посакуваната дестинација“, апелираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). 

Од таму додаваат дека заеднички интерес на сите нас е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот.

„Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот“, велат од РСБСП и потсетуваат на непроценливата вредност на животот и на радоста што ја носи секој среќен момент поминат со најблиските.

Затоа ги упатува следните препораки за возење во текот на Новогодишните празници: не возете под дејство на алкохол, прилагодете ја брзината на условите на патот и почитувајте ги правилата за нејзиното ограничување, не го користете автомобилот доколку немате потреба, користете зимска опрема, возилото нека ви биде технички проверено и исправно, бидете постојано информирани за состојбата на патиштата, внимавајте на ниските температури и на појавите на снег и голомразица, не користете мобилен телефон додека возите, користете сигурносен појас, почитувајте ги правилата и сите учесници во сообраќајот.

РСБСП апелира возачите да бидат внимателни за време на новогодишните празници.

„Возете одговорно и безбедно. Новата 2022 година нека биде среќна и безбедна“, порачуваат од РСБСП. 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе