Назиф Ајровски доби мерка притвор откако во камионот што го управувал беа откриени 324 килограми кокаин

Судот во Драч му одреди мерка притвор на македонскиот државјанин Назиф Ајровски (40), возач на камионот во кој албанската полиција откри 324 килограми кокаин.

„Откако најпрво рочиштето беше одложено поради недостиг на официјален преведувач, судијата Реџеп Бектеши попладнево го потврди апсењето во делот на кривичното дело „недозволена трговија со наркотични средства" и му одреди мерка на безбедност „затворски притвор", пренесува Топ чанел.

Во досието на Обвинителството, тој се посочува дека е човекот кој ја превезувал дрогата, но оти соработувал со други лица за да истата стигне до Италија.

„Дрогата – кокаин во вкупна количина од 324 килограми и 400 грама, пакувана во 300 пакетчиња, е откриена на 18 овој месец во 22:30 часот во камион со македонски регистарски ознаки SK3720AT, бела боја, натоварен со метални плочи управуван од Назиф Ајровски од село Дебреште, Прилеп,  Македонија. На албанска територија преку преминот

Ќафасан влегол претпладнето на 16 овој месец а задржувањето по патот го објасни дека бил приморан бидејќи се загревал моторот. Тој тврди дека немал никакви сознанија за дрогата, стои во досието на кое се повикува агенцјата Балкан веб.

Дрогата е открена со скенер на втората линија на контрола пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Анкона а требало да се растовари во Џенова.

Кокаинот бил во пакетчиња со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор.

Продолжува соработката со македонската полиција со цел целосно расветлување на случајот, во кој основано се сомнева дека се вклучени повеќе лица. 

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе