Време

Натпросечно топло, температури до 43 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. УВ-индексот ќе биде 9.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 42 Целзиусови степени, Маврово 32, Охрид 35, Битола 38, Крива Паланка 38, Берово 36, Кавадарци и Дојран 43.

Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-тиот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе