Народниот правобранител апелира до Владата да го реши проблемот со депониите во најкус можен рок

Народниот правобранител упатува апел до Владата, посебно до Министерството за животна средина и просторно планирање во најкус можен рок да ги интензивираат работите со управувањето на отпадот, посебно изградбата на регионалните депонии, и со тоа да се спречи понатамошната опасност од загадување на животната средина.

„Имено, последните случувања со опожарувањето на сметот во регионалната депонија Русино крај Гостивар, како и во депонијата Буково крај Охрид укажуваат на тоа колку е значајно решавањето на ова прашање, особено што последиците-загадувањето на воздухот, водата и почвата ќе имаат далекусежни последици не само во тие региони туку и во целата држава. Еко сиситемот во никој случај на смее да се гледа како изолиран, туку напротив тој е интегриран, па оттука загадувањето ќе влијае врз сите. Народниот правобранител со жалење констатира дека и после три години од неговото истражување за  состојбата со депонирањето на отпадот во Република Северна Македонија констатациите остануваат исти, а ситуацијата на теренот непроменета. Локалните депонии, кои во најголемиот дел не исполнуваат ниту еден еколошки стандард и натаму работат, нема осовременување ниту на двете регионални депонии Дрисла и Русино, а  не  е отпочната изградбата на ниту една од шесте современи  регионални депонии“, се вели во соопштението од Нардониот правобранител.

Според Народниот правобранител посебно загрижува фактот што на еколошката карта на Европа, Република Македонија го зазвзема високото прво место по загаденост. 

„Владата, која ги презеде ингеренциите од локалната власт во оваа сфера, веќе нема простор за одолговлекување со решавање на ова прашање, затоа што живеењето во здрава животна средина е едно од основните загарантирани уставни права и тоа право на граѓаните никој не смее да им го загрозува“; истакнува народниот правобранител.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе