02 иницијатива

Напуштен рудник опасно го труе месното население

„Напуштениот рудник на хром, арсен, антимон кај Лојане е една од 16те идентификувани жешки точки. Токсичните депонии од рудникот се оставени незаштитени, на отворено, веќе 4 децении. Токсичниот арсен, хром, антимон се навлезени во подземните води, почвата, а секојдневно се разнесуваат со воздухот кој локалното население го дише“, објави на својот фејсбук профил О2 иницијативата.

„Напуштениот рудник на хром, арсен, антимон кај Лојане е една од 16те идентификувани жешки точки. Жешка еколошка точка е локација каде загадувањето има постојано и непрекинато влијание врз околината.

Токсичните депонии од рудникот се оставени незаштитени, на отворено, веќе 4 децении. Токсичниот арсен, хром, антимон се навлезени во подземните води, почвата, а секојдневно се разнесуваат со воздухот кој локалното население го дише.

 2280% арсен над дозволеното ниво е утврдено во примерок од водата од овој крај што била однесена на тестирање.

Во август 2014 напуштениов рудник е даден под концесија, а во јуни 2018 турската фирма добила дозвола за експлоатација. Според Министерството за економија, компанијата има обврска да ја исчисти депонијата од опасниот отпад, односно треба да ја дислоцираат надвор од територијата на РМ.

Крешник Бектеши што ова точно значи и кој е временскиот рок до кога компанијата има обврска да го заврши процесот?

Дали тоа значи дека ќе бидат исчистени:

Трите стари и незаштитени рударски депонии, секоја со 20,000 до 50,000 тони отпадна руда?

 5,000 тони од рудата со високи концентрации на антимон, хром, арсен, оставен над една од депониите?

450.000 тони јаловина кој содржи арсен и антимон, на површина од 17,500 м2, во близина на патот кој ги поврзува селата Ваксинце и Лојане?

15.000 тони висок степен на концентрат, со над 50% на арсен сулфид измешан со антимон сулфид, со волумен од 5.000 м3 кој се наоѓа кај локалното училиште?

5.000 тони концентрат на арсен сулфид оставен на отворено, незаштитен и околу 2,500 распаднати буриња полни со арсен оксид и други непознати супстанции, во близина на железничката станица во Табановце, каде се лоцирани царината и полицијата?

Контаминираниот појас по кој се носел концентратот од флотирачкиот дел до топилницата и каде по пат испаѓал концентратот? Порано на тоа место имало тесна железничка пруга која е распадната и тој дел е претворен во земјоделско земјиште.

Дали компанијата има обврска сево ова да го исчисти и во кој рок?

Трагедијата е што уште во 2000 год. е проценето дека се потребни околу 4.2 милиони евра за да се санира оваа жешка точка. Физибилити студија има изготвено уште јули 2007.

Како не ви е срам, како не ве гризе совест, сите бивши и сегашни претставници во власта, да не одвоите, да не изгласате 4.2 милиони евра за санација на ова токсично, контаминирано место каде живеат луѓе, деца? Без проблем изгласавте политичките партии да добиваат 4.5 милиони евра годишно од буџетот, ама за ова гласањето тешко ви одеше. За реалните опасносни по граѓаните како ова, никогаш нема пари, како и за другите жешки точки, како и за аерозагадувањето, за животната средина.

Прашуваме, каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата? Со децении оставени да живеат, растат во тешко конатминирана средина, да дишат, јадат, пијат арсен, кралот на отровите, кој предизвикува леукемија, срцеви заболувања што доведуваат до инфаркт, рак на кожата, белите дробови, црниот дроб и лимфните жлезди? Каде да одат, оставени, заборавени од државата која не сака/ла да вложи 4.2 милион евра да исчисти она што е по нејзина вина загадено, затруено?

Има граници кои не се преминуваат, поради човечноста. Преминати се, од сите бивши и сегашни“, велат од О2 иницијативата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе