Нападната интернет страницата на МОН

Во моментов интернет страницата на Министерството за образование и наука не се отвора. Претходно, наводно врз страницата бил извршен хакерски напад. Како што објави порталот Република, оставен бил потпис од хакерски тим  кој се претставил дека е грчки, односно пишувало ,,Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers".

Дали се работи за хакери од Грција е тешко да се каже затоа што вообичаено се оставаат пораки преку кои сомнежот во истрагата треба да се насочи во погрешен правец. А, дали се работи само за обид за оневозможување на работата на сајтот на МОН или пак се работи и за обид за влез и кражба на податоци од електронскат база на министерството, можеби и за кражба на финансиски средсетва, ќе треба да се направи обид за успешна истрага. Истрагите од овој вид тешко доаѓаат до изворот на нападот, бидејќи големите хакерски групи се не само технички и кадровски одлично опремени, туку и нападите можат да ги извршат од која било точка на планетата.

Ова не е прв напад врз МОН, ниту врз друга македонска државна институција. Последниот напад врз МОН беше минатиот месец, кога „падна“ сајтот, а последниот поголем напад беше врз Народната банка, од каде тогаш и детално информираа за нападот и објаснија дека хакерите не дошле до податоците и средствата, туку успеале да ја забават работата на интернет страницата со организирани илјадници влезови во сајтот во ист момент. Народната банка тогаш организираше и работилница со новинарите на која говореше таа, како и експерти од областа на интернет заштитата од банката.

Беа нападнати и сајтовите на Бирото за јавни набавки поради што електронското наддавање не беше можно речиси десет дена.

Во екот на војната во Украина, хакерската војна низ светот е сѐ поразгорена, а неделава Владата на Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, обвинувајќи дека истрагата покажала дека властите на оваа земја во јули извршиле сајбер напад врз владините и државните институции.

П.Џ.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе