Еко иницијатива

Намали со пластика

Група студенти од ФИНКИ периодов работат на проект веб-апликација за зголемување на свеста за прекумерното користење на пластикaта и нејзиното штетно влијание. Тие спроведоа анкета за да се испита актуелната ситуација за тоа колку од луѓето водат сметка за прекумерното користење на пластиката, дали се запознаени за штетното влијание на пластиката врз околината и дали, доколку би имале избор би ја замениле со друг материјал?

На прашањето „Дали користите пластика?“, 99,3 отсто од анкетираните граѓани одговорија потврдно. Негативен одговор добивме само од 0,7 отсто од анкетираните. 58,6% велат дека внимаваат колку пластика користат, а 41,4% не внимаваат. Кога беа прашани „Доколку знаете како, дали би ја замениле пластиката со друг материјал?“, 92,1 отсто од испитаниците одговорија со „да“, а само 7.9% одговорија со „не“.

„Се чини дека нема доволно информации за тоа како да ја намалиме пластиката. Затоа како цел на овој проект беше да направиме информативна веб-апликација за тоа зошто пластиката е штетна и кои се алтернативите со кои можеме да го намалиме користењето на пластиката и да помогнеме секој кој е заинтересиран на едноставен начин да може да се информира за тоа како да го изведе, а тој начин е преку веб-апликацијата Намали со пластика која ја направивме“, велат студентите и додаваат дека со објававуање на информативни содржини за алтернативите за пластика централизирани на една веб-апликација до која секој може да пристапи брзо и едноставно се надеваме дека ќе влијаеме за намалување на користењето на пластика.

Од мобилни телефони и компјутери до шлемови за велосипеди и болнички вреќи, пластиката го оформува општеството на повеќе начини кои го прават животот лесен и безбеден. Но, овој синтетички материјал оставa штетни белези на животната средина, а и на човечкото здравје. Уште од почетокот на масовното производство, широкиот спектар на уникатни својства на пластиката, го направија овој материјал неопходен во општеството. Пластиката e продукт кој трае долго и може да се користи со декади. Сепак овој лесен и евтин материјал ние луѓето го користиме еднократно и тој завршува во канта за отпадоци (во рок од една година), каде ќе опстојува со векови. За производство на пластични ќеси се потребни 5 секунди, за користење 5 минути, а за нивно разградување од 500 до 1000 години.

 

Еве неколку начини како да ја замените пластиката:

1. Купете си стаклено или иноксно шише за вода. Луѓето низ целиот свет постојано купуваат шишиња вода секоја минута, само во САД преку 60 милиони шишиња завршуваат на депонија секој ден.

2. Користете платнени пелени, наместо пелени за еднократна употреба. Во САД се фрлаат преку 20 милијарди пластични пелени годишно.

3. Носете си ваша шолја со капаче или термос во кафетеријата каде што купувате кафе за носење и побарајте да ви наполнат во нив наместо во пластична чаша.

4. Престанете да користите пластични цевки. Доколку морате да користите, купете иноксно или стаклено цевче кое може да се мие.

5. Користете платнени или пластични торби коишто може да се користат повеќе пати, кога одите во супермаркет и на пазар. Годишно во САД се фрлаат околу 102 милијарди пластични кеси, а за да се разгради една кеса потребни се 1000 години.

6. Избегнувајте подготвените замрзнати оброци, бидејќи најчесто се запакувани во пластика.

7. Принципиелно избегнувајте гума за џвакање, бидејќи таа е главно направена од пластика.

8. Користете кибрит наместо пластични запалки или купете си метална запалка која може да се полни.

9. Избегнувајте да користите пластична фолија за да ја завиткате останатата храна од оброкот. Наместо тоа користете кујнска крпа или хартија за печење.

10. Гответе со метални тави наместо со нелепливи. Тефлонот е најчестата облога којашто се користи за нелепливите тави, а тој е направен од флуорополимерна пластика.

11. Направете си ваши домашни препарати за чистење. Тие се помалку токсични, а исто така ќе можете и повеќе пати да ги искористите шишињата со прскалчиња, наместо секој пат да купувате ново, а старото да го фрлате.

12. Намалете го користењето на пластични вилушки и ножиња на излет и наместо нив користете вилушки и ножиња изработени од бамбус.

13. Купувајте храна на големо и доколку можете пакувајте ја во стаклени тегли или садови коишто се мијат и се користат повторно. Така ќе заштедите пари и ќе го намалите непотребното пакување храна.

14. Носете си свои садови за овошје и зеленчук на пазар и побарајте да ви ги наполнат кога купувате.

15. Пакувајте го појадокот за работа во садови коишто се мијат и користат повторно. Избегнувајте храна спакувана во пластика за една употреба.

16. Направете си домашни лосиони за тело и раце, наместо да купувате фабрички спакувани во пластични шишиња. Кокосовото масло е одлична база за ваквите домашни козметики.

17. Заменете ги пластичните садови за пакување со стаклени контејнери.

18. Компостирајте ја храната што ја фрлате за да ја намалите потребата од пластични ќеси потребни за пакување на вашето ѓубре од остатоците од храната.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе