Намален водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро

За по еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро, а нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисок од повеќегодишниот просек за јули, додека нивоата на другите две природни езера се пониски од просечните и тоа за 13 сантиметри кај Охридското и за 1,74 метри кај Преспанското Езеро.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава. Исклучок се Вардар на мерното место кај Јегуновце, Струмица кај Сушево и Црна Река кај Новаци каде нивото е малку повисоко од просечното. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе