Царинска управа за лиценцата на возилото

Најверојатно со фалсификувани документи автобусот на „Беса транс“ 120 пати поминал на граничните премини во државава, вели Кутиров

Во Царинската управа евидентирани се изводите од лиценци што ги доставувал автобусот на „Беса транс" кој повеќе од 120 пати поминал низ граничните премини на државава, но најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи, изјави денеска директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

„Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е евидентиран во нашиот систем вклучувајќи и број од извод од лиценци за кои секојдневно се зборува дека не биле евидентирани. Кај нас се евидентирани и најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи. Но, за тоа истрагата е веќе во рамки на Јавното обвинителство и повеќе детали во следниот период тие можат да кажат“, рече Кутиров, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Стопанската комора на Северна Македонија.

Потсети дека е направена и внатрешна контрола во Царинската управа при што се санкционирани царинските службеници кои таа вечер биле на смена.

Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени, на враќање од туристичко патување од Истанбул.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе