Најстудено во Маврово и Лазарополе, измерени -12 степени

Во голем дел од земјава утрово се измерени температури под нулата. Најстудено било во Маврово и Лазарополе -12 степени целзиусови, -8 во Крушево и Крива Паланка, -6 во Битола и Берово, -5 во Претор и Дебар, -4 во Тетово, Прилеп и Виница, -3 во Скопје-Петровец, Охрид и Струмица, -2 во Скопје-З.Рид, Штип и Куманово и -1 степен во Демир Капија. Најтопло било во Дојран 1 степен и Гевгелија 2 степени целизиусови.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 79 сантиметри во Попова Шапка, 46 во Маврови Анови, 25 во Крушево и 12 во Лазарополе.

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност, попладне со повремено зголемување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне околу седум степени.

И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе