Време

Најстудено во Берово -11 степени, Мавровското Езеро замрзна

Утрово најстудено е во Берово, -11 степени, а максимални нула се измерени во Дојран. Мавровското Езеро веќе замрзна, а дебелината на мразот е околу 5 сантиметра.

Според УХМР, утрово -9 Целзиусови степени беа измерени во Скопје Петровец и Крива Паланка, -8 во Демир Капија, Маврови Анови и Куманово, -7 во Штип, Тетово, Битола, Струмица и Скопје Зајчев Рид, -6 во Прилеп, Дебар и Лазарополе, -4 Охрид, Крушево и Гевгелија, а -3 е во Претор.

Висината на снежната покривка е 11 сантиметри во Маврови Анови и четири на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде сончево, наутро студено, а преку денот со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе