Најстудено со измерени -15 степени е на Попова Шапка и во Маврово

Утрово во 7 часот најмногу снег има во Крушево 65 сантиметри и на Попова Шапка 64 см, следат Маврови Анови со 53 см, Ѓуриште 32 и Пожаране 23 см.

Најстудено со измерени -15 степени е на Попова Шапка и во Маврово, -13 во Берово, -11 Крушево, -9 Претор, Kрива Паланка, -8 Охрид, -7 во Битола, Прилеп и Струмица, -6 во Виница и Штип, -5 во Тетово, Гевгелија, Дојран и Демир Капија, во Скопје -3 кај Петровец и -2 на Зајчев Рид.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -1 до 9 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе