Најмногу снег на Попова Шапка, Маврово и во Крушево, забрана за камиони на Стража, Пресека и Крак Маврово-Дебар

Во текот на ноќта и претпладнево е облачно со пообилни врнежи од снег на повеќе места, а висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесуваше 75 сантиметри на Попова Шапка, 61 во Маврови Анови, 58 во Крушево, 37 во Пожаране, 30 во Ѓуриште, 17 во Битола и Претор, 14 во Скопје, 4 во Тетово и Прилеп, 3 Охрид, 2 Берово и 1 сантиметар во Крива Паланка.

Минималните температури утрово се движеа од -6 на Попова Шапка, -4 Маврови Анови, -3 во Kрушево, -1 во Скопје, Прилеп и Претор, 0 во Петровец, Тетово, Битола, Охрид, Штип, Крива Паланка, Берово и Демир Капија, 1 во Виница, 3 во Струмица и Дојран и 4 степени во Гевгелија.

Во текот на денот ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а во централниот и долниот дел на Повардарието претежно од дожд. Пообилни врнежите се очекуваат во претпладневните часови, па до пладне снежната покривка во голем дел од земјава ќе се зголемува. Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.

Поради обилни врнежи од снег од вчера попладне е воведена забрана за сообраќај на товарни моторни возила на превојот Пресека и на патните правци Гостивар – Стража и Крак Маврово – Дебар.

Како што соопшти АМСМ, поради снегот што се задржува на коловозот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка задолжително е користење на зимска опрема.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози. На повисоките места има кашест снег на коловозите по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат во западните делови од државата врне снег, а во останатите делови врне дожд.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе