УХМР

Најмногу дожд во Лазарополе, најмалку во Прилеп и Куманово

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Куманово еден литар на метар квадратен. Најстудено утринава е во Берово каде се измерени шест степени, но во целата држава утринските температури се над нулата.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава преовладува промениво облачно време со повремени врнежи од дожд на крајниот северозапад, во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија.

Облачното време со врнежи од дожд ќе се задржи и во текот на денот. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време со дневна температура до 18 степени.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе