Најмногу дожд во Демир Капија и Гевгелија, снег во Маврово

Најмногу дож, 55 литри на метар кавдратен, во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, во Гевгелија 47, во Маврово 24, Струмица 19, а 15 литри во Скопје, соопшти УХМР.

Снежна покривка од три сантиметри има во Маврово, а еден сантиметар во Лазарополе.

И денска ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег каде што снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м²). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе