Најмногу дожд наврнало во Ѓуриште, а најмалку во Дојран

Најмногу, вкупно 36 литри на метар квадратен, наврнале изминатите 24 часа во Ѓуриште, а најмалку, два литра, во Дојран.

Во Скопје до осум часот водниот талог измерен кај Петровец изнесува девет литри, а на Зајчев рид шест.

Како што соопшти УХМР, изминатото деноноќе заклучно со осум часот утрово наврнале 32 литра на метар квадратен во Виница, 28 во Лазарополе, 23 во Куманово, 21 во Гевгелија, 20 во Прилеп, 17 во Битола и Маврово, 16 во Дебар, 15 во Демир Капија и Крива Паланка, 14 во Крушево, 12 во Тополчани, 11 во Тетово, 10 во Охрид, девет во Пожаране, осум во Штип, четири во Претор и Струмица, како и три во Берово.

Вкупниот талог за изминатите 72 часа, од 12 мај до денеска е 81 литар на метар квадратен во Лазарополе, 73 во Маврово, 61 во Битола, 53 во Крушево, 46 во Ѓуриште, Пожаране и Претор, 44 во Охрид, 42 во Дебар, 38 во Прилеп, 35 во Куманово, 34 во Тополчани, 32 во Виница, 28 во Тетово, 23 во Гевгелија, 17 во Скопје-Петровец, 16 во Крива Паланка и Демир Капија, 15 во Скопје-З.Рид, 12 во Штип, пет во Струмица, четри во Берово и три литри во Дојран.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе