Минималните температури до 8.30 часот изнесувале: 4 степени на Попова Шапка и Маврово, 5 во Претор и Крушево, 6 во Битола, 7 во Крива Паланка, Охрид и Берово, 9 во Прилеп и Куманово, 10 во Струмица, 11 во Тетово и Виница, 12 во Скопје-Петровец, Штип и Дојран, како и 13 во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија.
До 8 часот утрово се иземрени и 10 литри дожд на метар квадратен во Прилеп и Дојран, четири во Крива Паланка, Гевгелија, Берово и Крушево, три во Претор и Ѓуриште, како и два литра во Тополчани.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.