Дирекцијата за заштита и спасување

Најава за жолта и портокалова фаза: не фрлајте цигари и договорчиња, не палете отпад

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), согласно најавите на УХМР ги информира граѓаните, дека под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.

Дирекцијата за заштита и спасување покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.
Воедно, ДЗС апелира до локалната самоуправа, граѓаните и туристите да внимаваат кога се на отворено и да не се фрлаат цигари и догорчиња, да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и шума, да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар, да не се пали отпад и друг горлив материјал, да не се палат стрништа и меѓи.

Оттаму потсетуваат дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода и повикуваат доколку се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, веќе се преземени превентивни мерки, од март донесена е забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми. Забраната ќе трае се до нејзиното отповикување.

ДЗС, со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, ја спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени-Природата е наша одговорност“.

 

 

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе