Донаторска акција

„Нахрани 10.000“ во десет градови во земјата

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, во организација на Здружението „Сите сити“ во соработка со Црвен Крст на Република Македонија ќе се одржува денеска од 10 до 18 часот на 29 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани, Виница, Гостивар и Гевгелија. Целта е на граѓаните да им се даде можност да донираат храна преку собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Хуманитарниот чин се случува денес на 16 април по повод „Неделата на солидарноста“. Организаторите ги повикуваат сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук која потоа ќе се дистрибуира до социјално загрозените граѓани.

 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе