По вчерашниот пожар

Над Галичник изгореа 10 хектари шума, полицијата ги утврдува причините

Во пожарот кај селото Галичник, општина Маврово Ростуше изгореа 10 хектари шума, смрека и бор. Пожарот во Националниот парк Маврово избувна вчера околу 13 часот.

Пожарот бил целосно изгаснат синоќа околу 22 часот, а во гаснењето учествуваа противпожарната служба, специјалната единица на АРМ, екипа на националниот парк Маврово составена од шумари со возила и опрема за гасење на пожари и мештани.

На територијата на националниот парк Маврово денеска состојбата е стабилна и не се забележани нови пожари.

Денеска, Стојанче Ангелов, в.д.директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) го посети местото на пожарот над селото Галичник заедно со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ. Ангелов даде куса изјава, а Костиќ изрази благодарност до сите коишто учествуваа во гаснењето на пожарот.

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, денеска информираше дека целосно е изгаснат пожарот и дека двата хеликоптери кои што се упатиле немало потреба да интервенираат. Во меѓувреме екипа на полицијата денеска врши увид и ги утврдува причините.

„Рано утрово два армиски хеликоптера го надлетаа местото на пожарот за доколку има потреба да интервенираат, но бидејќи пожарот е изгаснат тие се вратија во нивната база, но се на готовност доколку дојде до реактивирање на пожарот брзо да дојдат и да го изгаснат“, изјави Ангелов.

Тој се заблагодари до сите кои помогнаа во гаснењето, од системот за управување со кризи, противпожарните единици и до граѓаните. Со пожарот беше зафатена борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.

 

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе