Над 1.200 работници со ниски примања ќе можат да одат на одмор, објавен повикот

Работниците чии вкупни месечни примања во семејството не се поголеми од 22.000 денари од денеска до 30 август можат да се пријават на јавниот повик од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи за 2019 година што го објави Министертвото за економија.

„Го објавивме огласот за поддршка на работниците со ниски приходи за и тие да имаат можност да користат годишен одмор. Веќе се направени договори со 25 хотели кои ќе ги примаат ваучерите што ќе бидат дадени од страна на Министерството. За таа намена се предвидени 20 милиони денари со што над 1.200 работници со ниски примања ќе можат да одат на одмор со нивните семејства, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека листата на хотелите во Струга, Охрид, Попова Шапка, Берово, Дојран и Преспа, со кои се склучени договори, може да се најде на веб страницата на Министерството за економија, заедно со условите кои се потребни за аплицирање на јавниот повик и ги повика работниците навреме да ги достават документите во Министерството за економија со цел да можат што поскоро да ги користат ваучерите.

„Од 2017 година, кога почнавме да ја спроведуваме оваа мерка, се покажа дека има голем интерес од страна на граѓаните и веќе поддржавме над 2.200 домаќинства кои ги искористија ваучерите и ги посетија нашите туристички места. Мерката има два аспекта од кои првиот е социјалниот, кој е многу важен за нас зашто се поддржуваат семејствата што имаат ниски приходи, а вториот – економски“, имајќи во предвид дека се зголемува приходот на нашите хотелиери и вон сезоната, потенцира Бектеши.

Во 2018 година во земјава имаше зголемување на бројот на домашни туристи, а трендот продолжува и во првите месеци од годинава. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе