Националниот младински совет додели 10 грантови на социјални претпријатија за намалување на невработеноста кај младите

Националниот младински совет на Македонија денеска во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување″ поддржан од Европската Унија, додели 10 грантови на компании, граѓански организации и новоформирани иницијативи кои во следниот период ќе формираат свои социјални претпријатија. Неформален настан на кој Националниот младински совет на Македонија и претставници на социјалните претпријатија потпишаа Договори за Грант се одржа во просториите на Млади Хаб во Скопје.

Како што информираат од Националниот младински совет, една од главните цели на доделувањате на овие грантови е да придонесе во зголемување на квалитетот на младите лица во Република Северна Македонија преку нивно активирање во инклузивни социјални услуги, развој на иновативни технологии за инклузија на млади лица од ранливи категории и поттикнување на економско зајакнување на социјални претпријатија предводени од млади.

„Доделените грантови, во висина до 11.000 евра по грант, ќе се реализираат во наредните12 месеци (1 октомври 2022 – 1 октомври 2023 година) и ќе делуваат кон намалување на стапката на невработеност на млади лица, зголемување на бројот на инклузивни даватели на социјални услуги водени од млади, зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд како и на зајакнати капацитети на вработените во социјалните претпријатија,“ стои во соопштението.

Меѓу добитниците на грантовите е Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик", која во следниот период ќе работи на економско зајакнување и развој на социјалното претпријатие „Лице в лице" преку унапредување на услугите кон млади и ранливи млади лица и зголемување на учеството
на млади лица во работата на претпријатието. Фондација за развој на локалната заедница – Штип во следниот период ќе нуди поддршка на младите за развивање на работни и претприемачки вештини, преку воспоставување на одржлив локален механизам за искористување на текстилниот отпад. Социјалното претпријатие Бренд Солушн ДООЕЛ, пак, преку платформата bestonlineassistant.com ќе нуди пристап до едукација за најбараните вештини на пазарот на трудот, можности за запознавање со можностите за работа од дома и директна можност за вработување на лицата со попреченост, што директно влијае на нанамалување на невработеноста кај оваа група на сограѓани.

Грант доби и Здружението на граѓани Ековита – Неготино кое ќе воспостави сервис за одгледување печурки, преку кој ќе се обучат и вработат млади невработени лица и лица од социјално загрозени категории. Здружението на граѓани ГРИТ Пробиштип ќе организираат ритрити за социјално одговорни компании, преку кои ќе финансираат програма за стипендирање и поддршка на жени (15-29 години) во социјален ризик за отстварување на личниот потенцијал преку алатки како јога и психолошки вежби. Здружение на граѓани Зип Институт за политики и добро владеење Скопје, во соработка со Семејното советувалиште Сарај и Општина Сарај, ќе работат на зголемување на вработливоста за корисниците на социјалната услуга "Семејно советувалиште Сарај" преку нивно вклучување во постојниот социјален бизнис Комби Кафе.

Иницијативата VR Labs според проектот, во следниот период ќе работат на развој на вештини при изучување на занаети со примена на виртуелна реалност. Дел од вештините на коишто ќе работат се фарбање и лакирање на автомобили, каросериски поправки како и поправки на пластични каросериски делови. Социјалното претпријатие „Камп" ќе нуди едукација и целодневен престој за деца и млади, чија цел ќе биде запознавање на децата со природата како и поттикнување на активен, здрав живот и зачувување на природата. Социјалното претрпијатие DIA, ќе креира апликација која ќе нуди поддршка на лица заболени со дијабетес, можност за поврзување со заедницата и лесен пристап до основни информации, производи и услуги за лица со дијабетес, како и зголемена едукација поврзана со оваа област. И инклузивната музичка школа за деца и младинци, која во следниот период ќе овозможи простор за инклузивен раст и развој на деца и млади. Школата ќе нуди специјалзирана настава за лица со попречености преку соработка со дефектолог и ментор за инструмент.

Проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување", поддржан од Европската Унија, се стреми да обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе