Возобновен сообраќајот

На правецот Дебар – Маврово се вози по помошен пат, дупката длабока 20 метри се пополнува со песок

Забраната за сообраќај на патниот правец Дебар – Маврово, во близина на селото Долно Косоврасти, која беше воведена утрово во 8 часот е укината, објави МИА.

Со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, оспособен е помошен пат и според раководителот на секцијата, Деар Лиманоски, возилата непречено се движат.

„Прекинот во сообраќајот од 8 часот беше како последица на појава на кратер, пропадната дупка на коловозот со длабочина од 20 и широчина од 5 метри. Продолжуваме со пополнување на кратерот со песок. Поради тоа до 12 часот сообраќајот беше пренасочен преку Струга“, изјавил Лиманоски за МИА.

Во исто време, тој препорачува внимателно возење на сите патни правци кои се под надлежност на секцијата, поради појава на помали одрони.

„Препорачувам оние кои се движат во ова подрачје, да ја прилагодуваат брзината според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Наши екипи се постојано на терен во расчистување на одроните“, додава тој.

Под надлежност на секцијата се патишта во должина од над 110 километри кои минуваат низ поширокиот дебарскиот регион, кој е познат по обилните снежни врнежи и чести лавини и одрони. Тоа се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе