Во целата држава температури под нулата

На Попова Шапка утрово измерени -16 степени, во Скопје -5

Во целата држава утрово се измерени минусни температури, а најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -16 степени. Во Берово и Маврово се регистрирани -15 степени, -14 во Крушево и  Претор, -13 Битола, -12 Охрид, -11 Крива Паланка, -10 Прилеп, -8 Тетово, -7 Штип, Струмица, -6 Куманово и Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Дојран, а во Гевгелија – 3.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 32 сантиметра, 20 во Битола, осум во Крушево, седум во Маврови Анови,  а по шест односно пет сантиметри во Охрид и во Претор и Ѓуриште, два во Крива паланка и еден во Пожаране.

УМХР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност и студено, со максимална температура од -7 до 3 степени, а во Скопје околу 0 степени.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе