На Попова Шапка најстудено со -14 степени и има најмногу снег

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -14 степени, во Маврово е -12, Крушево – 10, во Берово и Крива Паланка -7, Битола и Охрид -6, Прилеп – 5, Штип и Демир Капија -4, Струмица и Куманово – 3, Скопје и Тетово -2,  Гевгелија -1 и во Дојран нула степени.

Според УХМР, на Попова Шапка има 64 сантиметри снег, во Крушево 62, а во Маврово снежната покривка е 52 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе