Снежната покривка на Попова Шапка утрово во 7 часот била 23 сантиметри.
Времето во текот на ноќта и утрово облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во првата половина од ноќта снег врнеше и во Пожаране. Дуваше слаб до умерен ветер од североисточен и југоисточен правец.