Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 32 сантиметри, додека најмногу дожд до 7 часот изутринава паднало во Гевгелија 45 л/м2, во Берово 38, во Демир Капија 30, во струмица 27, во Прилеп 21, во Битола 19, во Претор 15, во Охрид 11, Штип осум, Крива Паланка шест, Дебар, Пожаране и Ѓуриште пет, Тетово два и Скопје – Зајчев рид и Куманово еден л/м2.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални и слаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне шест степени.