На Миконос за трговија со дрога уапсени девојка и двајца мажи од Македонија

Тројца државјани на Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога. 

Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос" и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.

Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога.

Дополнително бил уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога.

Освен дрогата, грчката полиција кај уапсените пронашла и запленила три мобилни телефони, 2.370 евра, како и мотор со кој ја пренесувале дрогата.

За разбивање на нарко картелот, како што соопштија од грчката полиција, полицајците од Миконос организирале акција, ги следеле движењето на сега веќе уапсените, ги лоцирале и ги уапсиле во моментите кога се селеле во друго сместување, за да и скријат трагите.

Пракса на грчката полиција е во соопштенијата да не објавуваат лични податоци за уапсените, односно иницијали и националност, туку соопштуваат само дали се грчки или странски државјани, меѓутоа според потврдени информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за тројца државјани на Македонија.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема" објави дека уапсената девојка е ќерка на политичар од Северна Македонија, меѓутоа не постои потврда на оваа информација.

Сепак, според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за 21-годишна девојка со голем број следачи на Инстаграм, со кои споделувала фотографии од Миконос.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе