Оваа информација денеска на седница ја одобри Владата на Република Северна Македонија и донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради изведување на вежбовна активност, информираат од прес-сужбата на Владата.
На Криволак заедничка воена вежба на Македонија, САД и Полска

На седницата, на предлог на Министерството за одбрана, министерите донеле одлука за испраќање на 15 припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve XIV" во Сојузна Република Германија, во периодот од 1 до 29 септември, како и Одлука за испраќање на 15 припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „CARPATHIAN EAGLE" во Република Романија, во периодот од 14 до 27 септември.
Владата на седницата донела одлука за начинот на користење на здравствени услуги и за надоместок на трошоците за користење на здравствени услуги во Воено медицинскиот центар и во здравствените установи во Република Северна Македонија, на припадниците на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа- СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG).