На Иванден владика од Вселенската патријаршија беше во Бигорскиот манастир

Епископот аморејски г. Никифор, владика од клирот на Вселенската патријаршија, присуствуваше на манастирската слава во Бигорскиот манастир по повод раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден. Владиката Никифор е и актуелен игумен на манастирот Влатадон во Солун.

Тој молитвено присуствуваше на ноќното бдение во Бигорски, а утрово сослужуваше на литургијата со која ќе чиноначалствуваше дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј. 

При свечениот манастирски пречек, обраќање кон гостинот од Вселенската патријаршија, имаше игуменот на Бигорскиот манастир, епископ антаниски г. Партениј. Тој потсети дека токму Никифор посредувал за бројни средби и за остварување на добри врски меѓу претставници од нашата помесна Црква и од Вселенската патријаршија уште пред признавањето, а и дека го отворил за наобразба и за школување на наши монаси и студенти центарот во Солун.

Епископот Никифор ја изрази својата благодарност за срдечниот пречек во манастирот. „Ние, всушност, сме едно, зашто еден е Христос. И како што знаете, свети епископе антаниски, од моментот кога ве запознав, моето срце беше поробено од вашата љубов, како и од љубовта на овие добри деца тука, така што не можев, а да не станам ваш сопатник при тој тежок крст што вие го подигнавте... Предминатата недела додека бев во Фанар, кога на вселенскиот патријарх му соопштив дека ќе дојдам кај вас, со голема радост ми рече: да му ги пренесеш мојот татковски благослов и молитви на светиот антаниски, на неговото братство, на неговите монашки заедници, сестринствата во женските манастири, но и на сите духовни чеда што ги возложиле своите срца во неговите раце“, изјави г. Никифор.

Од Бигорски истакнуваат дека оваа година за празникот Иванден дошле бројни архимандрити, свештеници, монаси и верници од соседните православни Цркви на Албанија, Бугарија, Грција и Србија, а православни Христијани допатувале специјално за бигорската слава дури и од Франција.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе