На Илинденскиот марш ќе јаваат 20 коњаници

Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41.пат, под покровителство и финансиска поддршка од Општина Аеродром и Град Скопје.

Коњаниците, како што соопшти Општина Аеродром, наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар.

Коњаничкиот марш, како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Инаку, организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе