На Халкидики продолжува потрагата по двајцата Македонци кои вчера исчезнаа во морските води

Спасувањето на двајцата македонски државјани кои вчера биле однесени од морските струи на плажата Мити на првиот крак Касандра на Халидики продолжува. Тројца пријатели вчера по роденденска забава скокнале во морето и исчезнале. Еден од нив по неколку часа бил пронајден од спасувачките екипи, а по преостанатите двајца и утрово се трага со хеликоптери и со бродови на крајбрежната стража.

Според грчките медиуми, тројца пријатели од Скопје по роденденска забава решиле да скокнат во морето кај Посеиди на Халкидики. Момчињата на возраст од 25 до 30 години, најверојатно конзумирале алкохол.

По повеќечасовно пребарување, еден од тројцата исчезнати лица бил пронајден во лоша состојба, испил многу вода и веднаш бил пренесен во болница и е надвор од животна опасност.

Мештаните велат дека местото од кое исчечезнатите лица скокнале во водата било опасно поради водните струи.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе