Според најавата од градежното претпријатие Илинден – Струга, задутре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути, поради изведување градежни работи со минирање.
Поради поставување канализациска мрежа во село Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.