Тел Авив

На Евровизија победи Холандија, Тамара осма

Победник на годинешното евровизиско шоу кое се одржа во Тел Авив, Израел, е Данкан Лоренс од Холандија. Според гласањето на професионалните жирија од земјите учеснички на фестивалот шведската песна доби 239 бода, а Македонија само два бода помалку, 237. Публиката за Македонија даде 58 поени. Ова е досега најдобар пласман на Македонија на Евровизија. Норвешка, Русија, Швајцарија, Италија и Холандија добија најмногу гласови од публиката.

Швајцарија, Србија, Молдавија, Албанија, Велика Британија и Австрија на Македонија ѝ доделија 12 поени.

Тамара Тодевска ја изведе песната „Гордост“ (Proud). Aвтори на песната се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. 

Тамара Тодевска четврти пат учествуваше на Евровизија, но првпат како солист. Пред седум години пејачката Калиопи со песната „Црно и бело" настапи во финалето на 57.Евровизија, што се одржа во Баку, Азербејџан.

Во „Експо центарот" во Тел Авив настапи и светската поп дива Мадона, чиј настап повеќе светски медиуми го рецензираа како катастрофален. Британски „Телеграф" пишува дека настапот на Мадона бил срамен и разочарувачки.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе