За издржување на казна затвор од една година

На бензинска пумпа во Скопје приведен генералот Стојков баран со потерница

Поранешниот командант на поранешната полициска единица „Лавови" , Горан Стојков, попладнево е уапсен во Скопје. Тој беше баран со потерница за издржување казна затвор од една година. Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведен Г.С. (51), кој имал адреса на живеење во Скопје. Полицијата го приведе на бензинска пумпа на булевар „Србија“ во Скопје. 

Предаден е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Горан Стојков, поранешниот полициски генерал на 6 декември 2016 беше пуштен од затвор. Тој во случајот „Шпион" беше осуден на 9 години затвор, а со пресуда на Апелацискиот суд казната му беше намалена на 3 години и 3 месеци затвор. Оваа казна ја отслужи во целост. 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе