„Флорозон“ и ЈП Комунална хигиена

На 75 локации ќе се постават специјални садови за фрлање заштитни маски и ракавици

Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и ЈП Комунална хигиена-Скопје заеднички ќе го реализираат проектот „Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија“.

Во рамките на проектот на 75 локации на територијата на државата ќе бидат поставени специјални садови за одлагање отпад од заштитна опрема - маски и ракавици, а целта е да се придонесе во борбата против ширењето на вирусот ковид-19, преку соодветно одлагање на отпадот од заштитна опрема - маски и ракавици, како и ублажување на последиците од пандемијата врз граѓаните, со посебен акцент на најранливите општествени групи.

Проектот финансиски е поддржан преку Oдделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе