„Зелен фронт“ најавуваат нов протест

На 20 декември ќе се маршира за чист воздух

Остануваме на улиците за да ги потсетиме надлежните на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт,  велат од т.н. „Зелен Фронт".

35 граѓански здруженија кои се дел од т.н. „Зелен Фронт" на 20 декември повторно ќе излезат пред Влада на протестен марш за чист воздух. Велат протестот ќе биде во исчекувањe на 31-ви декември кога истекува првиот рок за исполнување од нивните над 100 барања за чист воздух.
Времето и маршутата остануваат исти од претходниот марш. Во 17 ч. се тргнува од пред Министерството за животна средина, а крајната дестинација е пред Влада.
„Остануваме на улиците за да ги потсетиме надлежните на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент!”, велат од „Зелен Фронт".
Кон крајот на минатиот месец 30-тина граѓански здруженија од цела Македонија и илјадници луѓе беа дел од најголем еколошки протест во земјата досега – „Маршот за чист воздух".
Од „Зелен Фронт" се децидни дека од ден на ден се борат за живот.
„Умираме илајдници годишно од загаден воздух. Мутираме, пренесуваме на поколенијата болести поради сеопфатната загаденост во која живееме, во која се раѓаат нашите деца. Белите дробови ни се зацрнети, иако не сме сите пушачи. Живееме во време на еколошка катастрофа", порачуваат тие во својата покана за маршот на Фејсбук.
O2 Иницијатива, Не Биди Ѓубре, Скопје Смог Аларм, Билка, Мој Воздух, Битола сака чист воздух, Eco Guerilla, Здравје пред профит во Центар се само дел од здруженијата и иницијативите кои ја предводат Зелената Револуција.

 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе