МВР: Во Дебар и Центар Жупа мирно, само во еден локал прекршена забраната, сопственикот е приведен

Изминатово деноноќие,безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди, информира МВР.

Утрово околу 07 часот, во рамки на активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за контрола на угостителските и другите објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата „Братство и eдинство“ во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа. Во објектот е затекнат сопственикот Р.Ф.(61) од Гостивар, кој живее во Дебар и група граѓани. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Инаку, мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, се одвиваат тековно и без проблеми. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини.

Од МВР потсетуваат дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините,а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Исто така, упатуваат апел до граѓаните строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки ќе бидат санкционирани согласно член 205и 206 од Кривичниот законик.

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе