МВР: Утврдено е кој стои зад профилот на „Фејсбук“ на кој беа објавени новите „бомби“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук. Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис“, соопштуваат од МВР.
 
По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.
 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе