Криминалистичко-технички вештачења

МВР: прва форензичка лабораторија во регионот според сите стандарди

Форензичката лабораторија при МВР е прва лабораторија во регионот која ја потврди својата акредитација за компетентност согласно најновите признати меѓународни стандарди. Од МРВ велат дека меѓу другото, вештачењата ќе влијаат на зголемување на довербата во резултатите особено кога станува збор за судски процеси.

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски денеска оствари средба со директорот на Институтот за акредитација, Слободен Чокревски, на која му беше врачен сертификатот за реакредитација на системот за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2018, имплементиран од страна на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења (ОКТИВ).

Од МВР информираа дека со сертификатот, овој оддел е прва форензичка лабораторија во нашиот регион, која ја потврди акредитацијата согласно барањата на стандардот за компетентност на лаборатории за тестирање.

„Акредитацијата на форензичките лаборатории е од огромно значење за Министерството за внатрешни работи, но и за државата генерално, заради зголемување на довербата во резултатите од тестирањата кои се спроведуваат во лабораториите на МВР, како и фактот дека методите кои се применуваат се хармонизирани со најдобрите европски практики, а добиените резултати се меѓународно признати“, се вели во соопштението од МВР.

Придобивки од акредитацијата, исто така, посочуваат од МВР, ќе има и правосудниот систем во државата, бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата.
Бенефит од сето тоа ќе имаат и граѓаните, како крајни корисници на услугите, бидејќи, како што се посочува во соопштението од МВР, ефикасноста на сите судски постапки неможе да се замисли без навремено, квалитетно и стручно спроведување на потребните анализи и вештачења.

Инаку, системот е имплементиран во 2019 година, а во текот на 2020 година, од страна на оценувачки тим од шест експерти, формиран од страна на националното тело за акредитација – Институтот за акредитација, беше спроведен редовен годишен надзор во однос на акредитацијата на ОКТИВ и беше потврдена компетентноста на овие лаборатории и експертите кои работат во нив за спроведување одреден тип форензички анализи.

Овие активности, информираат од МВР, се во насока на исполнување на мисијата на ОКТИВ, за обезбедување објективни и квалитетни резултати од испитувањата преку мултидисциплинарна примена на современи научно-технички методи, кои ќе бидат прифатени од сите корисници на услуги како и визијата на ОКТИВ, за обезбедување акредитирана криминалистичко – техничка служба, која ќе биде независна, неутрална, ефикасна, навремена и професионално оспособена, усогласена со барањата на истрагата и истовремено ќе ги исполнува стандардите на современа форензичка институција.

На средбата биле присутни и водечкиот оценувач на тимот, м-р Теодора Ташевска – координатор за акредитација на лаборатории за тестирање и началникот на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, д-р Габриела Коскоска.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе