Реакција

МВР до Костовски: Нема зголемен број напади врз малолетници што живеат во Бутел и Радишани

По апелот до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, да се зголеми безбедноста во автобусите со број 57 од Радишани и Бутел, реакција стаса и од Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека Костовски шири дезинформации и дека немало зголемен број напади на малолетници кои живеат во населбите Бутел и Радишани.

„Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР најостро ги демантира дезинформациите објавени на фејсбук профилот на Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел, дека во последниот период, а посебно во текот на месец ноември на територијата на општина Чаир имало зголемен број на напади на малолетници кои живеат во населбите Бутел и Радишани, а кои ја користат автобуската линија број 57 од ЈСП Скопје, возејќи се од местото на живеење до централното градско подрачје и во обратен правец. Имено, од 01.09.2022 година до 13.11.2022 година на посочената автобуска линија се случени два настани. Првиот на 06.11.2022 во автобуска линија број 57, каде нападнат е еден малолетник од страна на тројца малолетници и за кого сме известени од општа градска болница дека е примен пациент со лесни телесни повреди, а од страна на родителот укажано е дека не сака да го пријави настанот. Вториот настан е пријавен на 13.11.2022 година во кој четворица малолетници се нападнати во автобус од автобуската линија број 57 од страна на пет лица, од кои тројца полнолетни и две малолетни лица. Веднаш се преземени соодветни мерки и сторителите се лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и предадени во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка. Извршен е разговор со приведените лица како и со сведоци за настанот, по што од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје следи кривична пријава за Насилство по член 386 од Кривичниот законик", се вели во реакцијата на МВР.

Од министерството ја известуваат јавноста дека согласно однапред утврдени планови за постапување, на повеќе точки во градот поставени се полициски служби за спречување на нарушување на јавен ред и мир и извршување кривични дела, со посебен акцент на спречување на меѓуврсничко насилство.

„Преземаме превентивни активности преку Одделението за превенција при СВР Скопје, пред се преку проектите „За безбеден град" и „Безбедност во училиштата" кои се одвиваат во училиштата на подрачје на град Скопје и придонесуваат за спречување на сите облици на насилство меѓу ученици како и други видови на девијантни појави. Апелираме до претставниците на локалната власт да не шират дезинформации кои предизвикуваат вознемиренст кај граѓаните. Секторот за внатрешни работи Скопје бил и ќе биде во служба на граѓаните, а воедно потврдуваме дека остануваме отворени за соработка со локалната власт , се во интерес на безбедноста на граѓаните", додаваат од МВР.

Вчера се јави и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кој побара итна и остра реакција на полицијата за инцидентите. 

 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе