„Во врска со објавата на Ј. А. на социјалните мрежи, Ве известуваме дека истата во моментот користи годишен одмор и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос. Во Одделот за внатрешна контрола и професионални истраги од Ј.А. до сега не е пристигната претставка ниту пријава за вршење на мобинг на работното место.Како и секој граѓанин така и Ј.А доколку смета дека и се повредени правата од работниот однос или друг вид на незаконито и непрофесионално постапување на било кој полициски службеник случајот може да го пријави во Одделот за внатрешна контрола“, соопштија од МВР.
Ангелеска во својот статус обвини за нестручно работење и неправда во МВР.