МПС: Би прифатиле донација на вакцини, но да се вакцинираме во нашите здравствени установи

Македонскиот полициски синдикат информира дека се во постојани преговори со Владата, Министерството за здравство и Министерството за внатреши работи во однос на вакцинација на вработените во МВР. Како што соопштија од Синдикатот, нивната вакцинацијата е планирана во делот на приоритетните фази, односно во втората фаза од Националниот план за вакцинацијата од ковид-19.

„Ние сме во постојани преговори со Владата, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, а од Кабинетот на премиерот имаме добиено писмено известување дека на нашите доставени писмени барања се прифатени т.е од нивна страна одговорено е позитивно дека вакцинацијата на вработените во МВР е планирана во делот на прироитетните фази односно во втората фаза“, соопштија од МПС.

Од Синдикатот посочуваат дека се и во секојдневна комуникација со Советот на Европските полициски синдикати, каде членки се Германија, Шпанија, Франција, Португалија , Италија, Кипар, Грција, Романија, Бугарија, Албанија и сите земји од поранешната СФРЈ.

МПС, како што соопшти, е рамноправен член за нивно ангажирање и лобирање кај нивните Влади за донација на Владата на РСМ од вакцини за ковид-19, кои би биле исклучиво наменски за припадниците на МВР.

„Ние како синдикат би прифатиле донација на вакцини од нашите братски синдикати од соседството и Европа и вакцинацијата секако би се вршела во нашите здравствени установи. Далеку од здрав разум е да бидат изготвувани списоци со лични податоци на наши членови кои воедно се припадници на безбедносните сили на РСМ, и доставување на странски држави, со што автоматски би го загрозиле безбедносниот систем на државата“, се наведува во соопштението на Синдикатот.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе