МПЦ-ОА доби нов владика, игуменот Партениј

Игуменот Партениј од манастирот Свети Јоваан Бигорски е новиот владика на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија. Ова денеска го одлучи Синодот на МПЦ-ОА. Предлогот бил на неговиот надлежен архиереј, дебарско-кичевскиот митрополит г. Тимотеј. Неговата хиротонија е закажана за 12 јули, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Отец Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со Епископ Антаниски, според македонскиот антички град Антанија, кој бил епископско седиште. Тој останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.

Владиката Партениј е 14-от владика во Синодот на МПЦ-ОА.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе