Министерство за здравство

Момчето со изгореници од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар, е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Како што се посочува, станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се во болницата Пирогов.

„Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување“, стои во соопштението.

Министерствата за здравство на Република Северна Македонија и на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка, а нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија, наведуваат од Министерството за здравство.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе