МНР: Во Кина не е пријавен случај на наш државјанин заболен од корона вирусот

Министерството за надворешни работи информира дека според информациите од македонската амбасада во Кина, до овој момент таму не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. Нема пријавени ниту македонски државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење на кои им е потребна помош.

Министерството за надворешни работи исто така информира дека во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а македонската амбасада е во постојан контакт со нив.

Македонските граѓани за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или мејл beijing@mfa.gov.mk.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе