УХМР

Јули оценет како екстремно топол месец со ниски количества на врнежи

Многу топол до екстремно топол месец е генералната оценка за јули, кој се карактеризира со повисоки температури на воздухот и значително ниски количества на врнежи, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија од 29,1 степен , а најниска во Лазарополе 17,5 степени. Во Струмица, Скопје и Штип се измерени 27 степени, во Тетово и Битола 25, во Прилеп 24, во Охрид и Крива Паланка 23, во Берово 21 и во Маврово 19 степени.

Според УХМР, споредено со многугодишните просечни вредности за јули за период 1981-2010, среднодневните температурите во јули 2021 се повисоки за еден до два степена.

Апсолутно највисоката температура на воздухот во земјава е измерена во Гевгелија на 29 јули – 43,3 степени, а апсолутно најниска во Лазарополе на 22 јули од 5,9 степени. Особено високи вредности на минималните температури се забележани во втората декада на јули. Апсолутните многугодишни екстремни вредности на температурата на воздухот не се надминати.

Од УХМР посочуваат дека кон крајот на јули нашата држава ја зафати топлотен бран што се почувствува на целата територија. Траењето на овој бран продолжи во почетокот на август и во просек изнесува 10-тина дена (од 26 јули до 5 август 2021). Кон средината на јули во Берово, како што се наведува, беше регистриран пократок топлотен бран во траење од шест 6дена (12-17 јули 2021).

Во Скопје се регистрирани 15 тропски ноќи, со што е надминат максималниот историски број (24-часовен период во кој температура на воздухот не е пониска од 20 степени). Меѓу повисоките вредности се забележани во Гевгелија 21 и во Штип 9 тропски ноќи.

Јули е трет најтопол месец во историјата на мерењата во Демир Капија (од 1951г.), Гевгелија (од 1951г.) и во Скопје (од 1978г). Иако во Европа јули е рангиран како втор најтопол, а на глобално ниво трет најтопол месец, на сите останати мерни места во Република Северна Македонија температурата на воздухот во јули не е во првите пет најтопли години.

Измерените количествата врнежи во јули 2021 беа многу под просечните. Најголемо количество на врнежи во месецот е измерено во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмало во Струмица 0,4 милиметри. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6 и во Гевгелија 1,1 милиметри.

„Првата декада беше екстремно сушна, освен во западниот дел на Републиката, каде што имаше нормални услови. Во втората декада нормални до екстремно влажни услови беа регистрирани во северозападниот дел, особено во планинските предели, додека во останатиот југоисточниот дел врнежите беа незначителни. Третата декада беше екстремно сушна на поголем дел од територијата. Споредено со многугодишните просечни вредности, измерените месечни суми на врнежи на сите мерни места се под просечните количества и тоа за два до три пати, а во југоисточниот дел врнежите беа незначителни“, стои во соопштението од УХМР.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе