Многу топло време со температури до 41 степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 13 и 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степени.

Во Скопје денеска исто така ќе биде сончево и многу топло, со температура до 39 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследена со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе